Владо Јаневски објави нова песна наречена „Принчипеса“. Во прашње е нежна балада во негов стил, како најава за заедничкиот концерт на 14 февруари во арената Борис Трајковски“ која ќе ја делат со српска поп-рок ѕвезда Бајага и неговите „Инструктори“.

Автор на музиката и стиховите е самиот Јаневски, додека зад аражманот и продукцијата стои познатиот хрватски тон мајстор и продуцент Никша Братош во чие „НБ студио“ во Загреб песната и е снимана.
За баладата „Принчипеса“ е направено и едноставно лирик видео, а песната можете да ја проследите во продолжение.







