Радио Милева провокација со политичка конотација?

Зејна е горда Ромка, среќна мајка, артист и активист: Која е пејачката која со песната „Југославија“ атакува да ја претставува Србија на Евровизија, а Косово предупредува и се заканува? (ВИДЕО)

Зејна е горда Ромка, среќна мајка, артист и активист: Која е пејачката која со песната „Југославија“ атакува да ја претставува Србија на Евровизија, а Косово предупредува и се заканува? (ВИДЕО)

Во Србија беа објавени песните за Евровизискиот натпревар, а една од нив предизвика бурни реакции уште на самиот почеток и ги  подели мислењата на јавноста.

Имено, нашите соседи Србија ги објавија песните што ќе се натпреваруваат оваа година на „Песни за Евровизија“, преку кои ќе го изберат својот претставник за Евросонг 2026 во Виена. Меѓу бројните композиции, една веднаш привлече посебно внимание по објавувањето, а тоа е песната „Југославија“ од пејачката Зејна, за која многу брзо почна интензивно да се говори и дискутира.

Имено, дискусијата за името на песната и содржината на текстот брзо се прошири на социјалните мрежи. На платформата „X“ се појави профилот на Евровизија Косово, кој предупреди дека песната може да се смета за политичка, што не е дозволено според правилата на Евровизискиот натпревар.

„Доколку Србија ја избере оваа песна, EBU нема да го дозволи тоа. Политичките пораки се забранети според правилата“-  се наведува во соопштението, кое можете да го погледнете ТУКА.

Недолго потоа, самата пејачка се огласи, велејќи дека не сака да се занимава со политички коментари: „Не го видов тоа, навистина не можам да следам ништо! Не би коментирала за тоа, ниту за политички прашања, ниту за други коментари. Секој може да стои зад тој профил. Сакам песната да го најде својот пат до срцата на публиката“- ќе рече Зејна.

А  дали знаете која е точно оваа млада дама? Нејзиното целосно име е Зејна Муркиќ, а славата ја стекнала со учеството во музичката талент шоу програма „Операција Триумф“, од каде од анонимност излезе и нашиот пејач Александар Белов. За себе на својот Инстаграм профил вели дека е горда Ромка, среќна мајка, артист и активист.

После тоа, таа беше членка на групата „Лупа“ од 2009 до 2010 година. Публиката и ТВ гледачите имале можност да ја видат неколку пати на српскиот Евровизиски натпревар. Првиот пат  во 2022 година со песната „Нема те“, една година подоцна ја отпеа „Румба“, а во 2024 година учествуваше со песната „Најбоља“.

Со песната „Југославија“ која можете да ја слушнете и погледнете видото подолу, Зејна по четврти пат си ја бара среќата и првата можност да ја претставува Србија на годинешниот избор за „Песна на Евровизија 2026“ во Виена.

Фото: Инстаграм/zejnaofficial

Видео: Јутјуб/Zejna – Jugoslavija | Pesma za Evroviziju 2026.

To top