Радио Милева тајно моја...

Шеф Никола Мишковски во „Ништо лично“: Еден од нашите водечки кулинарски асови, откри како да зготвите вкусно гравче, а при тоа да немате проблем со издувни га*ови! (ВИДЕО)

Шеф Никола Мишковски во „Ништо лично“: Еден од нашите водечки кулинарски асови, откри како да зготвите вкусно гравче, а при тоа да немате проблем со издувни га*ови! (ВИДЕО)

Eден од најпознатите македонски готвачи, шеф Никола Мишковски кој со својата работа остава препознатлив белег на домашната гастрономска сцена беше гостин во поткастот „Ништо лично“.

Човекот кој низ годините, ќе изгради репутација на професионалец посветен на квалитетот, дисциплината и постојаното унапредување на кулинарската уметност,  а пошироката јавност последниве години го запамети како единствениот кој влегол, а не излегол од кулинарското ТВ шоу „Брза кујна“, кое ќе го прослави.

Домаќинот и гостинот разговараа за почетоците и изборот на професијата, за типовите на кујна и нивните комбинации, за спарувањето на храната и вината и кои вина одат најдобро со македонската традиционална кујна, што е поголем грев: добра храна со лошо вино или обратно, за тоа кој се подобри во кујната – мажите или жените, дали во храната треба да се ужива или поважно е да јадеш за добро да се најадеш, кој рецепт му е омилен, а кое јадење никогаш не би го ставил на своето готвачко мени…

Но и за куп нешта што зад камерите на готвачкото ТВ шоу „Брза кујна“ кое го прослави пред пошироката јавност, за тоа колку ми годат пофалбите, а како се справува со критиките, дали славата одмага во кујната, за односот и релациите со досегашните колеги шефови  и водителките во ТВ шоуто и дали егото е најголемиот проблем меѓу шефовите…?

Како и за приватниот живот,чудесната физичка трансформација, за спортските пасии, бордањето, моторите…

Кога дојде време да се зборува за традиционалните македонски јадења, неизоставно беше да се спомене она шпо што сите македонската кујна ја препознаваат – прочуеното тавче гравче. Арно ама, кога сме веќе кај гравот, водителот за шеф Никола имаше две прашања: Покрај начинот на подготовка, која е волшебната состојка што ќе го направи секој грав неодоливо вкусен и дали повеќе создава гасови во стомакот чорбестиот грав или гравчето на тавче?

На од говорот на првото прашање шеф Никола најпрвинм не моѓеше веднаш да се сети, иако волшебната состојка многу оддамна и самиот ја имаше јавно откриено, ама потоа брзо му текна дека во прашање е ајвар… Лажичка ајварче во запршката и гравчето ќе биде совршено и превкусно!

А, што се однесува до интензитетот на гасови… Шеф Никола откри уште една тајна. Ако гравчето се вари во една вода, потоа дома ќе мора да седите „со штипка на носот“, ама ако го варите во две води, а при тоа уште му додадете неколку зрнца ким во варењето, дефинитивно ќе се ослободите од пр**њето! Тајна која еден од нашите водечки кулинарски асови, откри како да зготвите вкусно гравче, а при тоа да немате никаков проблем со издувни га*ови!

Погледнете го цеиот поткаст, во кој меѓу сите останати интересни нешта е и приказаната за гравчето која можете да ја најдете  на 40 минути и 47 секунди.

 

 

 

 

To top