Пејачката Теа Таировиќ важи за една од најжешките и најенергичните ѕвезди на српската сцена. Таа знае како да приреди вистинско шоу на сцената, а сето ова, како што признава самата, воопшто не ѝ е тешко бидејќи редовно тренира и одржува одлична физичка форма. Поради својот изглед, Теа често ја прашуваат како се грижи за себе и што јаде.

– Внимавам, иако понекогаш јадам по настап, бидејќи се исцрпувам и гладувам, но го избегнувам тоа секогаш кога можам. Имам многу лоша навика да не појадувам, да пијам три кафиња на празен стомак, а потоа да се прашувам зошто ме боли. Станувам, пијам едно кафе, па уште едно, па трето, по што јадам колаче или две и тоа се сите мои слатки за целиот ден – рекла пејачката и како што понатаму открила, нема ритуал на нанесување многу креми и производи за нега на кожата, туку напротив, но кај неа, сè е едноставно.

– Никакви скапи креми, апсолутно ништо. Мојата баба цел живот користи домашен крем за бебиња, а јас го усвоив од неа. Го ставам тој крем на лицето секоја вечер, а глина еднаш неделно и тоа е тоа, апсолутно ништо повеќе – откри пејачката.

Foto: print screen/Instagram/_tairovicteamusic_






