Вчеравечер, српските медиуми наголемо пишуваа за „драмата на Дедиње“, кога музичката ѕвезда Јелена Карлеуш го пријавила својот поранешен сопруг Душко Тошиќ во полиција.
Причината за пријавата е неовластеното влегување на Тошиќ во нејзиниот дом, а тој наводно ги сменил бравите.
Јелена се огласи за Телеграф.рс и кажала дека е во Дубаи, а дека Душко „упаднал таму“ и дека го пријавила тоа во полиција.

Нивните наследнички Атина и Ника живеат во домот на Дедиње, но не биле присутни тогаш, бидејќи веќе неколку дена се во Дубаи со нивната мајка.

Во меѓувреме, Јелена, несвесна што се случува во Белград, уживаше во одморот, се релаксираше и снимаше видео во син фустан во хотелска соба, додека нејзината помлада ќерка Ника исто така се појави во кадарот во еден момент.
@karleusaofficial My all time favorite color #karleusa ♬ original sound – Cuteperson129
Откако медиумите беа преплавени со информации дека Душко Тошиќ наводно е во куќата каде што живее Јелена со нивните ќерки, тој се огласи и рече:
– Не знам што ме прашувате???? Јас сум во мојот стан – рече Душко Тошиќ за Курир.рс

Да ве потсетиме дека пред да заминат за Дубаи, Атина и Ника го прославија неговиот 41-ви роденден со таткото Душко на 19 јануари.
фото:Instagram printscreen/mega.zvezda.jk






