Во месец ноември од изминатата 2025-та година, момците од група „Нокаут“ ја имаа својата германска турнеја. Токму таму, како загревање и совршена музичка увертира за настапот на познатата македонска група, беше сега победничката на „The Vice of Europe“, 21 годишната Тина Русева.
Тогаш, вокалот и фронтмен на „Нокаут“ Никола Перевски -Пере ја претстави пред дијаспората, но и пред своите следбеници на социјалните мрежи, опишувајќи ја како совршено надополнување на нивните настапи во Германија.
View this post on Instagram
Сега откако за Тина слушна цела Европа, а Македонците се гордеат со нејзината победа, Пере упатуувајќи и честитка за победата, укажа и на тоа дека уште тогаш насетил дека нешто големо доаѓа кога талентот на Тина е во прашање.

-Браво за победата на „Voice of Europe“, Тина!
Ни остана убав спомен, уште тогаш на настапот со Нокаут во „Club Club Düsseldorf“,се чувствуваше дека доаѓа голема работа. Само напред, музиката секогаш си го наоѓа патот. – стои во објавата на Пере.
Потсетуваме, 21-годишната струмичанка веќе десетина години со своето семејство живее во Германија.
Таа претходно се натпреваруваше во „The Voice of Germany“ каде што сите ја споредуваа со Витни Хјустон и Селин Дион, а според многумина Тина на настапите звучеше подобро и од оригиналните изведби на песните со коишто таа се претстави во ова популарно шоу.
View this post on Instagram
фото:Facebook/ Nikola Perevski





