Радио Милева сатисфакција каква ниедна друга

Македонската „Гранд“ ѕвезда блесна на голема сцена како никогаш досега и тоа рамо до рамо со Тони Цетински кој порача: „Нема ваква емоција додека не запее македонскиот славеј“ (ВИДЕО)

Македонската „Гранд“ ѕвезда блесна на голема сцена како никогаш досега и тоа рамо до рамо со Тони Цетински кој порача: „Нема ваква емоција додека не запее македонскиот славеј“ (ВИДЕО)

Изминатиов викенд, Тони Цетински приреди три последователни концерти во легендарниот Сава Центар во Белград, а едно од најголемите изненадувања за илјадниците присутни беше појавувањето на специјалниот гостин – македонскиот пејач Ристе Ристески.

Протоколот внимателно го криеше неговото учество до самиот почеток на првиот концерт, по што салата го пречека со силни овации и громогласен аплауз.

Големото изненадување стигна и кога Цетински повторно се врати на сцената, за заеднички со Ристески да ја изведат „Заблуда“ – нумера која во оригинал ја пеат Цетински и Жељко Јоксимовиќ.

Дуетот беше еден од највпечатливите моменти на целиот вечерен спектакл, а реакцијата на присутните покажа дека ваква интерпретација досега не се слушнала во Сава Центар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Riste Risteski (@riste_risteski)

Цетински не го криеше задоволството што како специјален гостин на сите три последователни концерти го има токму Ристе Ристески и откри дека целосно ужива во неговите настапи, па кажа: „Нема ваква емоција додека не запее македонскиот славеј“.

Мал дел од спектаклот јавноста може да погледне и на официјалните Инстаграм профили на Ристе Ристески и Тони Цетински.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Riste Risteski (@riste_risteski)

На социјалните мрежи многумина коментираа дека Ристески повторно покажал зошто своевремено беше препознаван како еден од најперспективните гласови на Балканот, a со овие настапи, јасно најави дека се враќа таму каде што најсилно припаѓа – на големата сцена пред својата публика.

фото:ПР тим Ристе Ристески

To top