Фолкерката Сузана Гавазова сподели видео на Инстаграм во костим за капење, со што ја изненади својата публика, затоа што го објави во необично време – во месец ноември.
Испотена и исончана, така разголена таа танцува на терасата подготвена како да е среде лето. Со оглед на студените температури надвор, видеото предизвика сомнеж дека е снимено неодамна.

Објавата ја погледнаа сите нејзини фанови, а коментарите што ги доби ги привлече не само со виткото тело, туку и со летните потпетици што ги искомбинира со костимот за капење, кои ѝ даваа грациозен изглед.

Сепак, Сузе појасни дека поздравот што го праќа токму сега е од топлиот Дојран.

Со описот: „Поздрав од топлиот Дојран“ – таа ја покажа убавината на летната дестинација во овој период, каде што уживала во сончевите денови.
Инаку, струмичката убавица, неодамна откри дека се жали што ги корегирала градите, бидејќи сега тие и претставуваат проблем, а како што кажа планира да се врати на природните.
-Поради професијата и за естетика пред седум години направив силиконски гради. Ги доев и двете ќеркички и подоцна откако престанав да дојам веднаш отидиов под нож. Значи една недела такви болки… Кога си го вратам филмот или ако сум со овој ум сега, не би ги правела. Што ги носам сега ме боли грбот, мислам во иднина да ги извадам силиконите и да си бидам природна, кажа Сузана во поткастот „Естраден лексикон“.
Foto: Print Screen/Instagram/suzanagavazova



