Радио Милева туѓо мислење и реакција

Познатата македонска фитнес инструкторка дојде да работи во Дубаи, а на социјалните мрежи Ана ја прогласија за спонзоруша и куртизана: „Не е сапун да се потроши…“ (ВИДЕО)

Познатата македонска фитнес инструкторка дојде да работи во Дубаи, а на социјалните мрежи Ана ја прогласија за спонзоруша и куртизана: „Не е сапун да се потроши…“ (ВИДЕО)

За најпознатата македонска фитнес инструкторка и мотиватор за здрав живот,  Ана Стојанова работата и уживањето е спој кој засега е нејзин добитна комбинација, на која и дестинација да се наоѓа. А дестинациите ги менува како долна облека, па речиси секое нејзино ново појавување на социјалните мрежи е јавување од некоја егзотична земја или град во кој престојот во тој момент, најмногу и лежи!

Така, за свое последно пребивалиште расната  велешанка го одбра Дубаи како место од каде планирала еден месец да работи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANA STOJANOVA (@annstojanova)

И како што секогаш умее кога некаде ќе замине и овој пат  атрактивната инструкторка покажа дека и тоа како знае и умее да го спои убавото со корисното, работата со уживањето, задоволството со заработката.

Арно ама, кога ќе кажеш дека одиш да работиш и заработиш во Дубаи,  размислувањата на околината и особено нивните коментари не се баш најубави! Зашто кај многумина Дубаи се смета за дестинација на која убавите жени одат на брза печалба, работејќи само една работа. Работа за која не ти треба алат, зашто ја поврзуваат со најстариот занает!

Па така и велешката инструкторка се најде зафатена од виорот на не баш вкусните озборувања и коментари, дека тргнала да „се продава за дебели пари“! Коментарите дури преоѓаат во лични навреди кои се толку лоши, од типот:  „Не е сапун да се потроши“!

Разбирливо ова ја инервира, револтира и налути, па фитнес инструкторката реши да им возврати и да им се одмазди на „злите јазици“ кои Ана на невидено ја прогласија за спонзоруша и куртизана! Таа за возврат удри најмногу по мажите, особено по Македонците.

„Прости им Боже, не знаат што прават“ – ја споделила споделила Ана заедно со видеото познатата Исусова мисла која тој ја кажал пред да го распнат на крстот, откако неа „ја распнаа“ на социјалните мрежи.

За мала одмазда или само каолку за пример, таа и јавно објавила дел од коментарите на социјалните мрежи за неа и тоа со име и презиме и слика на пишувачите, а потоа и самата во видеото решила да објасни дека сторињата на нејзина сметка биле повеќе жални отколку смешни…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANA STOJANOVA (@annstojanova)

Откако  убаво ја објасни својата страна на приказната, Ана Стојанова онака налутена додала: „Ич да не ви е гајле кој што прави, што работи и со кого е“!

Реакција која јасно покажува дека колку на сопствената самодоверба и да се потпира, туѓото мислење – сепак ја допира!

 

 

 

 

To top