Радио Милева Марија го љуби Калигула...

Сочен бакнеж в уста како роденденска честитка: Сестра му на Лазаров е во љубов со овој познат македонски актер!

Сочен бакнеж в уста како роденденска честитка: Сестра му на Лазаров е во љубов со овој познат македонски актер!

Македонскиот јутјубер и поткастер, Стефан Лазаров има сестра, која зрачи со сексапил и убавина.

Марија Лазарова е актерка која игра во  независниот театар „Отпишани“, познати по претставите „Среќен мртовец“ и „Животот е краток и нејасен“ во кои игра со екипа млади актери, но и неколку македонски актерски легенди како Благој Чоревски и Гоце Тодоровски на пример.

Таа е актерка и водителка и во кабаре шоуто „Еуфорија“, а  дури мимаше и улога во една од познатите турски серии  „Balkan Ninisi“.

Со истенчена става, што би рекле тело-вретено кое го довела до совршенство по бројните третмани и правилната исхрана, Марија е девојка на која не можете да и најдете физичка мана.

Тому затоа многумина „плакнат очи“ на нејзините фотографии и видео на Инстаграм, на кои црвенокосата убавица не бега и од  „жешки и скокотливи фото пози“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Lazarova (@earthandfireme)

Токму затоа момчињата, особено оние кои не ја познаваат  пројавуваат интерес за нејзиниот статус, дали е  сингл, соло, сама… или сетра му на Лазаров има некој во чии прегратки веќе паднала оваа заводлива и атрактивна дама.

Иако досега барем за пошироката јавност го криеше својот љубовен статус, овој пат очигледно не можела да се воздржи отворено да не покаже гој и се вгнездил во нејзиното срце.

Имено, неколку фотографии на „искрена близина“ ја открија нејзината емотивна состојба, која експлицитно покажува дека Марија Лазарова е „до уши вљубена“. И тоа не во било кого, зашто професијата очигледно зближува иако обајцата се од два различни табора, па дури и различни градови.

Како и да е еден сочен роденденски бакнеж в уста, веројатно како увертира во роденденската честитка откри дека Марија е „зацапана“ во својот колега, стендап комичар и пред се’ актер во Кумановскиот театар, Марко Трајковиќ,  кој  неодамна ја доби наградата за најдобра машка улога за улогата на Калигула на Интернационалниот фестивал на античка драма, ИФАД „Стоби“ 2025.

За наградата од својата сакана доби возвишени комплименти во вид на јавна објава: Јас сум е*ено горда, заслужуваш свет“ – му порача Марија со пост и фотографии на својот љубовник и колега преку своите Инстаграм приказни.

А за роденденот… серија фотографии на двете вљубени гулапчиња, проследени со жешки бакнежи.

Тој нејзе „цмок“ во образ, таа него во уста, онака „сочно го залапала“.

Останатиот дел од честитката и припаѓа на интимата и тоа онаа личната, така што секако не е за јавноста.

 

Ама затоа  со кој познат актер е во љубов сестра му на Лазаров сега знае цел народ!

Фото: Инстаграм/markotrajkovic91/earthandfireme

 

To top