Љубовта помеѓу децата и родителите е вечна. нераскинлива врска која трае од раѓање па довека! Особено кога си мајка, зашто мајка е една!
Оваа госпоѓа мама мора да е особено горда, зашто нејзината малечка ќеркичка со текот на годините порасна и прерасна не само во вистинска долгонога убавица, туку и во успешна, позната и популарна пејачка. Еден од од оние ликови на естрадата од поновата генерација која забележа фрапантен успех со својот макфестовски хит од пред три години, кој имаше неколку десетици милиони Јутјуб прегледи.

И оттогапш кариерата ја тера доволно успешно, за што зборува и годинашниов макфест на кој имаше бпечатлив и забележителен настап со уште една тема која претендира да биде хит, нејзината нова песна поткрепена со видеоспот со наслов „Доминантен“. Како што и самата таа претендира да доминира на сцената и македонската естрада воопшто, па следниве години, ако не и девцении да бидат во нејзин знак.

Но, оваа долгонога убавица не само атрактивана девојка и позната млада естрадна поп ѕвезда, туку и добра, и благодарна ќерка. Потврда и доказ за тоа е нејзната Инстаграм објава во која познатата македонска пејачка со толку многу љубов и го честита роденденот на својата мајка.

А вие, ако се’ уште не сфативте за кого станува збор и не ја препознавте од детските фотографии, погледнете ја подобро госпоѓата до ова мало девојченце и веднаш ќе ви стане јасно која позната пејачка и е ќерка.

А таа, Лара Иванова многу добро умее да покаже како и колку ја сака својата мајка Цвета.

Зашто не заборави и јавно да и го честита „денот што го чекаме цела година“ со неколку фотографии што будат спомени и една едноставна, но длабоко искрена роденденска порака: „Среќен роденден мама. Те сакам“!

Не само позната и популарна пејачка, туку Лара Иванова и ќерка за пофалба!

Фото: Инстаграм/_lara.iv_ и Фејсбук/Cveta Ivanova





