Радио Милева задоволна од животот

„Со секоја година се’ повеќе си ги сакам родендените“: Каролина Гочева со насмевка и солзи, ги дувна свеќичките (фото)

„Со секоја година се’ повеќе си ги сакам родендените“: Каролина Гочева со насмевка и солзи, ги дувна свеќичките (фото)

Македонската популарна пејачка Каролина Гочева  вчера,  на 28-ми април  со парче торта и свеќичка го одбележа својот 44 – ти роденден.

Каролина денес, на социјалната мрежа Инстаграм објави кратко бумеранг видео на кое позира со широка насмевска  доловувајќи ја славеничката атмосфера и забавата во која целосно уживала.

– Фала другари мои што сте дел од мојот живот, фала и на сите кои ми пишавте и посакавте убави желби. Со секоја година се’ повеќе си ги сакам родендените!
„Cheers“ до следната  – напиша таа на објавата која за сподели на нејзиниот профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)

„Имај уште една убава година, поубава од сите претходни“, „Само убавини“, „Лепотица“, „Среќен роденден убавице“… се нижеа честитките и убавите компименити со повод, за кои таа веќе им се заблагодари.

Пријателите заедно со нејзиниот сопруг Михаил , со многу љубов и ја испеале песната за Среќен роденден , што за неа било целосно изненадување, а видео од тој моментот сподели нејзината пријателка и долгогодишна стилистка Цаци Паковска, каде јасно се забележува  дека солзите радосници веќе биле присутни на нејзиното лице.

 

Фото: printskrin/instagram/cacipakovska/karolinagocheva

To top