Радио Милева пресреќна

Драгана Мирковиќ стана баба: Синот Марко ја израдува со внука

Драгана Мирковиќ стана баба: Синот Марко ја израдува со внука

Во домот на Драгана Мирковиќ  вчера завладеа неопислива радост и топлина – пејачката стана баба.

Нејзиниот син Марко и снаата Мелани добија ќерка, а гордите родители решија да ѝ дадат прекрасно име – Ксенија.

– Каков ден е позади мене! Каква радост! Имам уште една преубава титула! Јас сум бабата на Ксенија – напиша пејачката.

Породувањето е извршено со царски рез во престижната клиника AKH во Виена, и како што се дознаваме, сè поминало без проблеми. Мама Мелани се чувствува одлично, а малата принцеза Ксенија добила највисоки оценки при раѓањето.

Извори блиски до семејството откриваат дека Драгана е пресреќна, но дека денес целосно се повлекла од јавноста, ги исклучила телефоните и се посветила на своето семејство, сакајќи овој посебен ден да го помине со своите најблиски.

Да потсетиме дека Драгана постојано нагласуваше дека едвај чека да стане баба, велејќи дека тоа ќе биде „најубавата улога во животот, бидејќи тогаш сакаш без никаков интерес или мерка“.

– Го замислувам тој момент и веќе чувствувам дека ќе биде нешто посебно, нешто што моето срце одамна го посакува – рекла тогаш Драгана, а денес таа желба ѝ се остварила.

Foto: Instagram/markobjlc/dragana_mirkovic

To top