Радио Милева импресионирана и фасцинирана

Антониа Гиговска отиде на концерт, па остана по цели ноќи да сонува со отворени очи: И јас вака сакам, истово да ви го приредам“! (ВИДЕО)

Антониа Гиговска отиде на концерт, па остана по цели ноќи да сонува со отворени очи: И јас вака сакам, истово да ви го приредам“! (ВИДЕО)

Антониа Гиговска несомнено има своја публика, која од ден на ден станува се поголема и помасовна. Пејачката која важи можеби за најдобрата и најпопуларна од новата генерација, со секоја нова песна и секој свој настап станува нечиј нов идол, најмногу на најмладите фанови, особено на девојчињата.

Но, како што сите ние сме имале и се’ уште имаме музички идоли во животот, така и пејачите, па и Антониа има свои. Дали светски познатата поп ѕвезда отпорано тоа и била само Антониа знае, но откако отиде на нејзиниот концерт, македонската пејачка со сигурност се „зацапа“ во Лејди Гага.

Имено, Гиговска отпатува за Италија, поточно во Милано специјално за концертот на познатата светска поп дива. И тоа не сама, ама не и со сопругот Роберт. Овај пат „џокерот“ кој го носеше со себе или тој дојде со неа, сеедно, познатиот македонски стилист Марјан Петров, кој и порано ја дотерувал  Антониа.

Пред концертот малку спа релаксација, едно соло селфи во огледало по бикини…

А потоа уште едно со својот „разубавувач“, само овој пат обајцата по бањарка!

Пред  да се замине на концертно уживање, дојде време за  избор на гардероба. Имиџот мора да биде соодветен за настанот кој треба да биде посетен, па затоа Антониа во Италија стајлинг ја сместила рамната снага и заедно со пријателот – правец на концертот на Лејди Гага!

И тоа во имиџ во кој и самата наликува на нејзината омилена пејачка!

Шоуто на „ѕвездата која е родена“ да биде тоа што е кај нашата македонска „пинкова ѕвездичка“ предизвика позитивен шок, воодушевување и фасцинација… Лејди Гага за Гиговска е нова инспирација!

Додека светската ѕвезда на секоја нова песна менуваше имиџ, костими и сценографија, Антониа „ја пиеше со поглед“, пеејќи во еден глас со неа.

Впечатокот – импресивен, а желбата посилна дури и од импресиите… Еден ден Антониа иста како својата омилена пејачка да биде!  Концертот наречен желба,  нашата пејачка не можеше да го премолчи, посакувајќи барем една вечер и својата кариера во еден ваков да ја преточи.

Патем, Антониа Гиговска не пропушти да забележи дека меѓу сите танчари на сцената со Лејди Гага беше и едно момче по потекло од Македонија.

Мајкл Дамески, 29-годишниот Австралиец од македонско потекло, кој уште еднаш ги покажа своите танчарски бравури покрај славната пејачка, како и претходно, во нејзиниот спот за песната „Abracadabra“.

Ноќта по концертот беше долга, непреспиена… И веројатно не само таа!  Антониа Гиговска остана по цели ноќи да сонува со отворени очи.

Се’ на се’, Антониа Гиговска отиде на концерт во Милано да ужива и да се забавува, а оттаму се враќа импресионирана со желба она што го виде и доживеа, еден ден и овде да го донесе и на својата публика да и го пренесе и самата лично. Ако не истото, барем нешто слично!

Фото и видео: Инстаграм/michaeldameski/antoniagigovskaa

 

 

To top