Пејачката Наташа Беквалац признава дека шопингот не е извор на утеха за неа и дека со години оди на терапија кај психолог.
Наташа Беквалац не се плаши да зборува за теми што многумина ги избегнуваат. Три брака што завршија со развод оставија трага врз нејзиното ментално здравје, поради што реши да побара стручна помош.

Како што самата истакнува, таа не ја лечи депресијата со шопинг, а терапијата со психолог ѝ помогнала да се издигне од бројни тешки ситуации.
– Моите депресии се неизлечиви со шопинг, потребни се посилни дози од нешто за да се лекуваат. Не знам дали ќе ми верувате, но навистина ја кажувам вистината. Не ме интересира шопингот, освен работите поврзани со куќата и мебелот. Оние жени што се тресат во „Шанел“, така се тресам и јас на фотелјата – признава пејачката во емисијата „Јутро на Блиц“.

Наташа Беквалац отворено зборуваше за тешките времиња и важноста од грижата за сопственото ментално здравје.
– Во Србија, психотерапијата е табу тема, но јас припаѓам на цивилизираниот дел од Србија, каде што станува збор за лична хигиена. Исто како што се бањате, треба да се грижите и за вашето ментално здравје. Со години одам на терапија, работам во јавна работа, каде што има разни притисоци и планирам да останам здрава долго време – заклучи таа.
фото: printscreen/instgaram





