Денес, 16-ти Октомври, датум кој 18 години наназад боли најсилно, исто како и тогаш кога тоа есенско утро како бомба од разорен карактер одекна веста дека нашата најголема музичка ѕвезда Тоше Проески трагично го загуби животот.
Денес, ист датум, болка и тага до небо, уште една загуба и ден за испраќање во вечноста и последен поздрав за Владимир Блажев – Панчо од ДНК кој со Тоше го поврзуваше не само музиката, туку и хуманоста каква ретко паметиме.
Болна и жална реалност која тешко може да се прифати, загуба и непребол за сите…
Тоше живее во сите нас преку песните, а живееше и во Панчо кој често ја пееше „Горомови на душа“ која денес особено крши срца. Невреме, бура од тага, силни емоции и солзи се испреплетени на овој тежок и претажен ден.

Младиот пејач Огнен Здравсковски чиј идол од мали нозе беше Тоше, а со Панчо стигна до пријателство на ниво да го нарекува брат, на својот Фејсбук сподели приватна снимка на која заедно ја пеат омилената на Панчо – „Громови на душа“.
-Твојата омилена стари мој… Немаше ни еден настап да помине а да не ја отпееш… “Светот мој минус тебе во него, она што ќе остане, малку е”… ТЕ САКАМ БРО!
Погребот на Владимир Блажев Панчо ќе се одржи денес (16.Октомври) на гробиштата Бутел.
Нека легендите почиваат во мир!
фото:Facebook/ Ognen Zdravkovski







