Хрватската пејачка Северина по којзнае кој пат дојде да пее во Македонија, овој пат на велешкиот фестивал на пита и вино кој се одржуваше изминатиот викенд.
Севе редовно добива покана, односно понуда да биде дел од програмата на нашите манифестации под отворено небо, па приликата да настапи пред македонската публика никогаш не е исклучок од нејзината концертна агенда.

Како и секогаш, така и овој пат Северина не преферира да прави замени кога е во прашање нејзиното стилизирање кога доаѓа на наш терен.
Па така, пез преседан, таа секогаш довербатата му ја доделува на нашиот познат стилист и нејзин долгогодишен пријател Александар Билјановски –Дадар.

Откако ја нашминка, пејачката позираше пред неговиот фотообјектив, нормално презадоволна од шминката, а потоа направија и една заедничка за спомен и ја објавија на социјалните мрежи како и секогаш.

Инаку, голем број регионални ѕвезди кога доаѓаат за настапи во Македонија, безрезервно ја препуштаат довербата на талентираните раце на нашиот најпознат стилист Дадар.
фото:Facebook/ Питијада – Велес – 2025/ Instagram printscreen/ severina







