Пејачката Андреана Чекиќ се огласи по тешката сообраќајна несреќа што ја доживеаја нејзините кумови Дарко и Катарина Лазиќ синоќа.
Пејачот Дарко Лазиќ и неговата сопруга Катарина Лазиќ доживеаја тешка сообраќајна несреќа синоќа на автопатот кај Генекс, во близина на Белградската арена.
Нивната кума, пејачката Андреана Чекиќ, не можела да зборува од шок откако дознала за несреќата, плачела и, како што пренесува „Pink.rs“, само посакува Дарко и неговата сопруга да останат живи.

Несреќата се случила кога пејачот со својот автомобил се судрил со автобус, а од силата на судирот се забил во заштитна ограда. Ударот бил толку силен што една од гумите на автомобилот одлетала десетици метри подалеку.

Пожарникарите брзо пристигнале на местото на настанот и ги извлекле Дарко и неговата сопруга од смачканото возило. Екипата на брзата помош потоа ги превезла во Военомедицинската академија (ВМА), каде што им била укажана итна медицинска помош.
Foto: printskrin 192







