Прилепскиот бенд “SIDE QUEST” е еден од ретките македонски бендови кој со своето првенче „Нема иднина“ нуди свежина како во музичкиот израз, така и во текстуалната порака која ја носи песната, за апокалиптична сегашност на времето во кое живееме.

Музички прилично зрели и цврсти, рифовски ориентирани, негувајќи симбиоза на пост-панк звукот и гранчот, нешто налик на микс од едни „Green Day“ и „ Nirvana“ на македонски начин на пример, момчињата од бендот цврсто и бескомпромисно прашат вистински рок ен рол. При тоа текстуалниот израз им е на Македдонски јазик, а длабоката ангажираност во стиховите која ја отсликува суровата реалност на нашата денешнина ги прави уште попровокативни и поинтересни за пошироката јавност која допрва ќе ги запознае. Особено младата популација која и тоа како се пронаоѓа во темата која длабоко ги допира – егзистенцијата и иднината во земјата во која се родени и живеат или заминување одовде на неодредено време, можеби и засекогаш!?

Песната инаку е продуцирана, миксана и мастерирана од гитаристот на „Меморија“, нивниот сограѓанин Рубин Димкоски во неговото Р-студио во Прилеп.

За песната е снимени нискобуџетен, но мошне фунционален видеоспот кој кореспоондира со приказната и пораките во стиховите, кој го потпишува Горан Попоски.

Како сето тоа звучи и изгледа во нивната апокалиптична визија за „Нема иднина“, проследете од видеото во продолжение…







