Популарната музичка ѕвезда Ријана е на прагот да стане мајка по трет пат, а обожавателите ширум светот со нетрпение го следат секој нејзин потег во оваа посебна фаза од нејзиниот живот. Оваа информација не би била толку изненадувачка ако пејачката не испрати она што се чини дека е прилично јасна индикација за полот на бебето во својата последна објава.
Имено, Ријана позираше за насловната страница на познатото списание Hommegirls, откривајќи го своето трудничко стомаче во стајлинг кој многумина го протолкуваа како суптилна порака. Таа носеше розови бермуди и маица, додека целиот едиторијал беше дизајниран во нежни розови тонови. Токму овој детаљ ги натера фановите да поверуваат дека овој пат таа очекува – девојче.
View this post on Instagram
„Со мојата следна модна икона“, напиша Ријана во описот на фотографијата, алудирајќи на бебето што го носеше, дополнително „запалувајќи“ ги социјалните мрежи.
Пејачката веќе има два сина со својот партнер – постариот Рис, кој го добил името по легендарниот продуцент на Wu-Tang Clan, и помладиот Рејт. Иако Ријана ретко објавува за семејните моменти, јасно е дека мајчинството донесе нова димензија во нејзиниот живот. Таа постојано зборуваше за тоа колку е горда на своите синови и колку ужива во родителството.
Сепак, уште од првата бременост, таа постојано вели дека би сакала да има девојче, па затоа не е изненадување што обожавателите ја доживеаа оваа најнова објава како симболично откривање на долгоочекуваниот сон.
Ријана сè уште официјално не го потврдила полот на своето трето бебе, но судејќи според нејзиниот стајлинг и пораката што ја испрати, се чини дека „третата среќа“ навистина дојде во розово пакување.
Foto: printscreen/instgaram





