Радио Милева Среќно!

Лила пред нов почеток: „Не можам да сум посреќна и погорда“

Лила пред нов почеток: „Не можам да сум посреќна и погорда“

Лила Филиповска… Најдолговечната и се’ уште најдобрата македонска ТВ водителка на забавни програми, а последниве години веројатно и највлијателната инфлуенсерка во онлајн просторот кај нас. Дамата која речиси деценија и пол успешно го води едно од најгледаните шоу програми и секако најгледаното т.н. гејм шоу на телевизија на сите времиња во ТВ етерот во Македонија.

Не треба ништо да објаснуваме, зашто веднаш е јасно дека во прашање е квизот „Се’ или нешто“. Франшиза која успешно опстојува сиве овие години, а сега Лила како единствената негова домаќинка ја започнува 15-тата сезона со неговото снимање.

-Снимањата започнаа, возбудувањата следуваат 15-тата јубилејна сезона на “СЕ ИЛИ НЕШТО” и не можам да сум посреќна и погорда !!! На проектот, на екипата , на Сител Тв… на себе. Благодарна на нашите верни и сакани гледачи кои се наши поддржувачи сите овие години и поради кои постоиме толку долго и секогаш сме на врвот на гледаноста!!! Кога ќе ме прашаат до кога ќе траете…велам дури не учествуваат сите кои сакаат да дојдат. Се гледаме наскоро на Сител, напиша Лила.

„Се или нешто“ зад себе брои цели 14 сезони и есенски почетоци, многу натпреварувачи, отворени кутии, неизвесност, возбуда, добивки, разочарувања, никогаш отворен сеф и даден милион, но со постоечки два перманенти – Лила и банкарот.

Лила секогаш знае да каже дека мора да си ја сакаш работата за да бидеш истраен и достоен на висина на задачата која ја имаш, а таа тоа го прави совршено.

Никогаш монотона, секогаш непосредна, ведра и забавна, Лила може пред камери буквално со секого, дури и оние најтешките за снимање таа на крај успва да ги опушти.

Новите нешта за да тргнат со убаво и лесно, треба да се отпочнат и со некоја новинка, а тоа го има, тргнувајќи од Лила секако, која овој пат за старт се појави во „глам“ изглед од црна тоалета, впечатлив накит и фенирана пуштена коса.

Епа среќно!

фото:Instagram printscreen/ lilafilipovska

To top