Специјално за 32-то издание на „Охрид фест“, музичкиот дуо Броз и Марама се појавија со сосема нова композиција насловена „Сокаци тесни“. Песната, која уште со првото изведување го привлече вниманието на публиката, е комплетно авторско дело на Јовица Каралиевски.

Само два часа по премиерното претставување, беше објавен и официјалниот видеоспот. Зад продукцијата стои Крисијан Љушев, кој умешно ја пренесе емоцијата на песната во визуелна приказна со урбани, но и емотивни кадри.

Во спотот покрај Броз и Марама, се појавуваат и Александра Маленков и Билјана Дивоно, додавајќи препознатливост и дополнителен шарм на видеото.

Песната набрзо се издвојува како еден од најкоментираните фестивалски настапи и според реакциите на публиката, има потенцијал да стане есенски хит кој ќе се слуша и пее насекаде.

Со својата топла изведба и заразен ритам, „Сокаци тесни“ има одлични изгледи да се претвори во песна што ќе ја обележи оваа сезона. Веќе се очекува брзо да се најде на врвот на домашните топ-листи, а според коментарите, ќе се пее „се’ додека не отпеат нова“.

Броз и Марама уште еднаш докажуваат дека знаат да создадат хит кој ги спојува публиката и фестивалската сцена. „Сокаци тесни“ е нивниот свеж музички печат кој ќе ја продолжи приказната на „Охрид фест“ и во месеците што следат, па затоа проследете го и вие видеото во продолжение…







