Мегафон поткаст гостин

Градоначалникот на Охрид во поткастот во кој гостите „отвораат душа“: Кирил Пецаков во првото есенско издание на „Ништо лично“

Градоначалникот на Охрид во поткастот во кој гостите „отвораат душа“: Кирил Пецаков во првото есенско издание на „Ништо лично“

Започнува сезоната „есен-зима“ на поткастот во кој „ѕвездите отвораат душа“. Политичари, естрадни уметници, водителки, манекенки, старлети и на тоа слично… и понатаму ќе бидат гости во „Ништо лично“.

Во првото есенско издание или поточно меѓусезона, зашто екипата решеи да излезе од студиото и да им појде на гости на одредени јавни, познати или популарни личности, ја искористивме можноста фестивалскиот престој на „Охрид фест“ во македонскиот бисер Охрид, да му отидеме во „работната соба“ или како што официјално се вели кабинетот на актуелниот градоначалник и кандидат на владеачката ВМРО-ДПМНЕ  за нов мандат, Кирил Пецаков.

За она што е сработено за изминатите 4 години по што има чист образ повторно да бара и нов мандат од своите сограѓани, за капиталните инвестиции на општината и изградената инфраструктура и клучните објекти, за она што останало да се досработи во евентуалниот втор мандат, за плановите и програмите, за односот на и релациите на централната со локалната власт, за барањата на УНЕСКО и можностите на Охрид на нив да одговори, за балансот помеѓу зачувувањето на старото и развојот на новото и урбаното, за екологијата, туризмот, актуелната сезона, културното наследство и културните манифестации во Охрид, особено во летните месеци… со гордост одговараше на нашите прашања Пецаков.

Но, градоначалникот на Охрид, како млад човек ја отвори душата и за сопствената приватност. Успеавме да му ѕирнеме и во личниот живот за да ни раскажува за страста кон спортот, спортскиот туризам,  професионалното занимавање со ракометот, за професијата лекар, стоматолог – специјалист за детска стоматологија, за детството, другарите, охридските плажи, за сопругата и децата, за тоа како успева да го одвои приватното од работното,  како Кирил таткото ги штити децата од Кирил политичарот, за тоа дали до пензија ќе остане во политиката или ќе и се врати на професијата…

И за уште многу други нешта кои досега само сте ги начуле или воопшто не сте ги знаеле, зашто како што е општо познато… Никаде нема да слушнете ништо слично, како во интер ток-шоуто „Ништо лично“.

Есенска премиера на „Ништо лично“  и Вашиот домаќин Антонио Димитриевски со актуелниот градоначалник на Охрид и кандидат на владеачката ВМРО-ДПМНЕ  за нов мандат, Кирил Пецаков, вечерва (среда, 3-ти септември, 2025 година), во 20.00 часот на YouTube каналот на КурирМК ( .

To top