Фолк пејачот Лазе Јанкуловски, кој за само една година успеа да промовира четири песни и четири спота, не застанува – пред нас е неговото најново музичко парче „Сакај ме“, а до крајот на годината ветува уште една премиера.
Аудиото е снимено во „ProSound Production Studio“ во Прилеп, а видеото – препознатливо по динамиката и боите – е дело на IN Production. Песната е целосно обоена со неговиот авторски печат – музиката и аранжманот се на Лазе, текстот е на познатиот Огнен Неделковски, а во изведбата учествува вистинска екипа од врвни музичари.

Во песната и спотот учествуваат: виолина – Лазе Јанкуловски и Сања Ждељар, хармоника – Симе Настоски, бас – Павле Јаневски, гитара – Рубин Димкоски, тапани – Трајче Ивановски, танц – студио за танц „BAH“.
„Посебна благодарност до моите пријатели и врвни инструменталисти Сања Ждељар, Симе Настоски и Славко Ристески за нивниот придонес и ангажман околу овој проект,“ изјави Јанкуловски.
Со ова темпо, талент и енергија, Лазе Јанкуловски не само што ја освојува фолк-публиката, туку и докажува дека упорноста и квалитетот секогаш излегуваат на врвот.
фото:You tube printscreen







