Промотер Со почит

Kога еден доктор и еден музичар заедно се соочуваат со рак: Нивната песна „Beautiful Waste“ е сведоштво за пронаоѓање убаво и кога е нејтешко

Kога еден доктор и еден музичар заедно се соочуваат со рак: Нивната песна „Beautiful Waste“ е сведоштво за пронаоѓање убаво и кога е нејтешко

Дилан Де Боно е малтешки доктор и поп-изведувач. Последниве пет години свири и пишува музика со македонскиот гитарист Кристијан Волчев, откако се пресели во Малта. За жал, неговиот најдобар пријател почина од рак на желудник во IV стадиум во јули 2025 година. Во последните месеци од неговата борба, го завршиваат нивниот албум и заедно ја пишувт многу значајната песна „Beautiful Waste“.

„Beautiful Waste“ е сведоштво за пријателството, истрајноста и за пронаоѓање убавина во најтешките животни моменти – токму како што Кристијан посакуваше да остане неговото наследство.

 

Пред болеста, Дилан Де Боно и Кристијан Волчев беа музичари и најдобри пријатели. Дилан, доктор на болницата Матер Деи и малтешки поп-изведувач, и Кристијан, реномиран македонски гитарист и композитор, поминаа години создавајќи и настапувајќи заедно.

Потоа, ракот промени сè. Неочекувано ги врати кон музиката на сосема нов начин. Кристијан беше дијагностициран со рак на желудник во IV стадиум во октомври 2024 година и почина 10 месеци подоцна, на 36-годишна возраст.

Во тие последни месеци, Дилан беше покрај него не само како пријател, туку и како доктор кој ја разбираше тежината на ситуацијата. Меѓу третманите, посетите во болница често се претвораа во тивки џем-сесии, со гитари и смеа што ја исполнуваа собата на Кристијан во Онколошкиот центар „Сер Ентони Мамо“. Музиката им стана начин да останат присутни, да пронајдат убавина во малите моменти и да продолжат да создаваат. Токму тогаш се роди „Beautiful Waste“, напишана и снимана во домашното студио на Кристијан во последните месеци од неговиот живот. Првично инструментална композиција што Кристијан ја усовршуваше со години, тој повторно ѝ се наврати за време на болеста, а заедно со Дилан додадоа текст кој ја одразува кревкоста на животот и моќта на пријателството.

„Кристијан ја вложи својата душа во оваа песна,“ вели Де Боно. „Ми рече дека ова е песната по која сака да биде запаметен.“

Кристијан, гитарист познат по својата разновидност во фламенко, класика, рок и поп, остана посветен на музиката до самиот крај, внесувајќи топлина и хумор во секоја нота. И покрај болеста, „Beautiful Waste“ ја сметаше за своја наследна песна.

За Дилан, како доктор и музичар, довршувањето на песната беше начин да му оддаде почит на својот пријател и да потсети дека дури и во најтешките моменти, постојат мигови што вреди да се задржат.

„Beautiful Waste“ не е песна за ракот; тоа е песна за пријателството, за изборот да се создава дури и во најтешките времиња и за пронаоѓање убавина во неизвесноста.

За Дилан Де Боно
Дилан Де Боно е малтешки хирург и гинеколог во болницата Матер Деи, кој исто така се истакна како инди-поп изведувач по неговото учество во X Factor. Познат по својот соло-албум Loose Wire и локалните хитови како Feeling Shit Right Now, I Can’t Say No (When You Go Down) и Lost Without You, Дилан зема едногодишен одмор од медицината за да турира интернационално и да ја промовира својата музика. Пет години настапуваше низ Европа со гитаристот Кристијан Волчев, продолжувајќи да соработува со продуцентот Дејвид Велла во креирањето на својот препознатлив звук. Нивниот следен заеднички проект We Always Ruin Everything е закажан за објавување во 2026 година.

За Кристијан Волчев
Македонскиот гитарист и композитор Кристијан Волчев стана препознатлив со својот албум Synesthesia од 2020 година и како гитарист и автор на песни во метал-бендот Grey. Бараниот сесија-музичар, Кристијан настапуваше на големи сцени во Малта, вклучително и Notte Bianca и Paradise Exiles, како и на меѓународни фестивали како Elevation Music Festival во Софија. Како продуцент, соработуваше со локални и интернационални изведувачи, вклучувајќи го Ben Purplle (финалист на малтешки X Factor) и холандската поп-изведувачка Ris Flower.

Кристијан беше дијагностициран со рак на желудник во IV стадиум во октомври 2024 и храбро се бореше до неговата смрт во јули 2025 година. За време на овој период продолжи да создава и снима музика, вклучувајќи ја и соработката со Дилан на нивниот албум „We Always Ruin Everything“.

фото:You tube printscreen

To top