Радио Милева Среќен!

Торта, подароци и љубов: Иван Јованов го прослави 34-тиот роденден

Торта, подароци и љубов: Иван Јованов го прослави 34-тиот роденден

Фронтменот на „Либеро бенд“, Иван Јованов, кој ја освојува публиката со својот глас, го одбележа својот 34. роденден на убав начин – во интимна, семејна атмосфера.

Во кругот на најблиските, тој уживаше во едноставната, но значајна прослава исполнета со љубов и внимание.

На својот Инстаграм профил, каде што редовно ги споделува важните моменти од својот живот, тој објави неколку фотографии и од роденденската атмосфера.

На фотографиите се гледа роденденската торта и подарокот од сопругата Ивана, која го изненадила со неколку внимателно избрани подароци. На секој подарок беше испишан по еден сетилен впечаток – „Допир“, „Вид“, „Мирис“, „Звук“, а петтиот подарок беше токму роденденската торта  обележана со зборот „Вкус“ и со посвета: „Среќен роденден љубов моја“.

Емотивната порака од Ивана, која гласеше „Те сакам со сите мои сетила“, го допре пејачот и тој ја пренесе атмосферата на љубов и пред јавноста.

Во текот на денот, Инстаграм приказната на пејачот се исполни со честитки од пријатели, соработници и обожаватели кои му посакаа среќа и успех. Со насмевка и благодарност ги сподели сите честитки, додека уживаше во вниманието и љубовта која ја доби.

Со оваа прослава, Иван покажа дека и покрај сето внимание од јавноста, најмногу ги цени семејните вредности и топлината на љубовта, а овој  роденден е  прекрасно потсетување дека најважните моменти се оние што се поминати меѓу луѓето што ги сакаме.

Среќен 34-ти роденден и среќа во сите идни музички и лични успеси!

Foto: printscreen/instagram/jovanov_ivan

To top