Пејачот Дарко Илиевски кој веќе неколку години живее во Америка објави тажна вест на својот Фејсбук профил. Даре го изгуби татка си.
-Почивај во мир, татко мој. Ти беше мојот најголем пример за сила, чесност и борба. Секогаш ќе ја паметам твојата добрина и твојата жртва за нас. Засекогаш ќе ми недостасуваш- стои во објавата на црно – белата фотографија на која таткото и синот се прегрнуваат.

Пораките со коментари за искрено сочувство до целото семејство се редат во низа од сите блиски роднини, пријатели, познаници, соработници…
Со ваквите големи загуби зборови за утеха нема, времето не ја лечи тагата и болката, едностано оставени сме со спомените и учиме да го живееме живтот онаков каков што е.
Сочувство и од редакцијата на Вистина.
фото:Facebook/Darko Darre Ilievski







