Софија Милошевиќ (34), позната манекенка и сопруга на српскиот репрезентативец Лука Јовиќ (27), повторно предизвика возбуда на социјалните мрежи.
Овој пат, таа објави серија провокативни фотографии во костим за капење и целосно ги шармираше своите следбеници. Убавата Белграѓанка позираше на јахта, во дводелен модел. Едниот дел од шареното бикини комбинира тиркизни, црни и сини тонови, додека другиот има впечатлив тигрест принт.

Вистинскиот луксуз, сепак, е во деталите. На нејзината рака блескаат две нараквици од најновата колекција „YSL“ – една поголема, проценета на околу 1.200 евра, и една помала на околу 700 евра. Моделот не се двоумеше да се пофали со своето извајано тело и бујно деколте, а јасно е дека редовната работа во теретана дефинитивно се исплати. Фотографиите се придружени со стихови во кои таа опиша како ужива во летниот одмор.

„И има место за кое сонував. Каде што можам да го ослободам умот, да ги слушнам звуците на годишните времиња… И да изгубам сè, чувството за време“, напиша прекрасната манекенка во описот на овие фотографии.

Foto: Printscreen/instgaram







