Радио Милева „нема глумење“

Иван Јованов искрено за улогата да се биде родител: „Најтешко е да останеш присебен и позитивен порај сите неспиени ноќи“

Иван Јованов искрено за улогата да се биде родител: „Најтешко е да останеш присебен и позитивен порај сите неспиени ноќи“

Пејачот на „Либеро бенд“, Иван Јованов пред речиси година ипол стана татко за првпат, му се роди прво, па женско, а малата наследничка го доби името Ниа.

Деновите на Иван и сопругата Ивана станаа поубави, пошарени и исполнети со многу љубов, детски џагор, палавости, љубопитност…

Тато Иван пред камерата на естрадниот магазин „Бекстејџ“ искрено проговори за предизвикот да се биде родител и за се’ она што е реалност од семејсниот живот во спој со професионалниот, ноќните настапи и она што истото го носи.

-Најголем предизвик е да останеш присебен, да останеш родител дома, позитивен после сите неспиени ноќи, дома со тоевто семејство, со твоите најмили. Значи не зборам да одглумиш, туку да знеш целата таа негативна енергија да ја оставиш каде што била, што и да се случило кога ќе влезеш дома да си позитивен, насмеан, за тоа да не го носиш дома. Дома да имаш друга атмосфера и тоа те исполнува, за да се вратиш назад со енергија.

Насмеани и среќни родители, уште посреќно дете кое ја рефлектира љубовта која му е дадена додека расте и спознава се’ околку себе.

Што се’ кажа Иван во целост, погледнете во продолжение:

фото:You tube printscreen Backstage/ Instagram/jovanov_ivan

To top