Убавата ТВ водителка на Канал 5 телевизија, Бубе Јаневска, важи за една од најубавте лица од дамите кои се појавуваат на телевизија.
Таа отсекогаш го претпочитала природниот изглед, без многу нападна шминка, а мајката природа тоа и го дозволува.

Своевремено по бременоста и породувањето, таа имаше проблем со вишокот килограми кои ги реши со режим на исхрана,третмани и физичка активност, а за истото говореше јавно.

Бубе секојдневно ја гледаме свежа, со убава и негувана кожа, а овој пат таа пред своите следбеници на Инстаграм покажа ставата во бикини, но алудирајќи на заштитниот фактор од брендот кој го рекламира.

Бубе никогаш немала проблем да покаже како изгледа без шминка, со минус или плус килограми, токму како и сега.
Лето е, време за одмор, слободни и опуштени, зашто така ослободувањето и полнењето батерии е најефектно.
фото:instagram printscreen/bube_janevska




