Гоца Тржан се најде на мета на измамници, а пораката што ја доби од непознат извор ја налути исклучително, па пејачката реши јавно да излезе и да покаже низ што поминува.
Имено, веќе со денови, српските граѓани добиваат лажни СМС пораки во кои Јавното претпријатие „Патишта на Србија“ наводно бара исплата на неплатени казни, а во непријатна ситуација се нашла и Гоца Тржан.

Пејачката на својот Инстаграм профил сподели фотографија од пораката што ја добила, во која се замолува да ги подмири своите „долгови“.
– Дали ова е таа фора да ви земат пари со измама? – праша музичката ѕвезда, која заедно со пораката остави емотикони што означуваат лутина и бес.

Гоца Тржан неодамна проговори за своите почетоци во музичкиот свет, и се потсети на периодот кога пееше во групата „Тап 011“, со која и се прослави.
Foto: Instagram.com







