Промотер

Анета Љумаковски предизвикува љубовен земјотрес со најновата песна – „100 по Рихтер“ (ВИДЕО)

Анета Љумаковски предизвикува  љубовен земјотрес со најновата песна –  „100 по Рихтер“ (ВИДЕО)

Арт Студио продукција и Балкан Мјузик ТВ премиерно го промовираа најновото музичко и визуелно остварување на познатата македонска фолк пејачка Анета Љумаковска. Станува збор за емотивната и заразна летна песна насловена „100 по Рихтер“, која со сигурност ќе го освои регионалниот етер.

Премиерно песната беше промовирана на 2-ри август – Илинден, точно во 14:00 часот, на Балкан Мјузик телевизија, како и на официјалниот YouTube канал на Арт Студио продукција.

Спотот, снимен кон крајот на јуни во една од најживописните дестинации во Грција – Кавала, изобилува со летни вибрации, топла визуелна естетика и динамична режија. Анета, заедно со продукцискиот тим и статистите, помина два интензивни дена исполнети со сонце, замор и постојани преместувања од локација на локација, но како што самата изјави:

„Два дена поминати на сонце, со топлина, замор, неспиење, патување од една дестинација до друга, но, сепак, останавме позитивни, насмеани и расположени во исчекување на крајниот резултат од тоа што го имаме замислено. Нашата мисија ја завршивме успешно. Цврсто верувам дека ќе ја оправдам довербата на мојата верна публика. Оваа песна ми значи многу, вложивме срце, душа и професионализам“.

Музиката и аранжманот се на Бобан Мојсовски, стиховите ги напишала Анита Даева, а песната еснимана и миксана во XL studio.

„100 по Рихтер“ е токму Анета – песна во нејзин стил, нејзин глас, нејзин печат. Од прво слушање влегува во уво, а со рефрен што се памети и чувство што долго останува. Музиката, текстот и целокупната продукција го отсликуваат духот на една уметница која созрева, се развива и веќе цврсто чекори кон својот музички врв.

Балканот добива уште еден потенцијален летен хит – со „100 по Рихтер“, Анета Љумаковска повторно покажува дека знае како се создава песна со душа и комерцијален потенцијал. Љубовната енергија, препознатливиот вокал и професионалната продукција ја прават оваа песна комплетен музички пакет.

 

To top