Мина Амиџиќ повторно беше мета на критики поради нејзиниот изглед, односно нејзините автентични усни, за кои многумина рекоа дека не се вистински.
Имено, Мина сега сподели фотографија од својот дом, во пижами без ни трага од шминка, но еден детаљ им го привлече вниманието на нејзините следбеници, а тоа е мало топче на средина од усните.
Имено, на сликата јасно се гледа дека Мина има оток на долната усна.

„Што е со усната?“, „Какво топче е ова?“ „Што ти се случи“, „Беше природна?“ – беа само дел од коментарите на мрежата „X“.
Поради нејзиниот атрактивен изглед, Мина неколкупати била на „столбот на срамот“ поради естетски корекции и операции, за кои тврди дека никогаш не ги направила и дека мајката природа е заслужна за нејзината убавина. Неодамна Огњен откри дека се заљубил во Мина штом ја видел.

– Ме воодушеви со својот изглед од првиот момент, а потоа реков дека никогаш не сум видел жена во живо која изгледала така како што изгледала. Бев изненаден и може да се каже дека веднаш се заљубив. Не сум видел жена што изгледа толку убаво, а сè да биде природно. Ме остави без здив, кажа Амиџиќ.
фото:Instagram printscreen/callmenaumi





