Познатата македонска фитнес инструкторка и мотиватор за здрав живот, е очигледно и мотиватор за многу други нешта. Особено во релациите со нејзиниот брачен партнер Кирил, со кого неодамна славеа мини јубилеј – три години брачна заедница. По тој повод велешката убавица се потсети на денот на свадбата, споделувајќи бело срце и бројката три, односно бројот на години… заеднички живот.

Ана е „ѕверка“ во теретатаната, ама „дива ѕверка“ и надвор од неа, па повеќе од сигурно е дека на оној што е со неа, никако не му е лесно.

Нејзиното темпо треба да се издржи, а на нејзините желби и потреби да се одговори… Зашто расната велешенка постојано има нови идеи и планови, за нови авантури и програми… Предизвици што може да ве уморат, ако не сте добро подготвени за постојани промени, а и во кондиција за постојана акција… И тоа од различна природа!

Затоа три години брак со неа иако навидум не се ништо како бројка, душата му знае на партнерот кој со неа е во животна спојка! Тоа веројатно и самата фитнес „кралица го препознава“, па можеби и затоа при одбележувањето на годишнината и самата си поставила услов… Или поточно договор!

„Ако истераме до првите пет, правиме уште дна свадба. Бидете така“ – порачала шеговито Ана! А, како велат: Во секоја шега – половина вистина! Арно ама, доволен е само еден поглед одблизу в очи и веднаш да посакате не само пет години, туку многу повеќе заеднички годишнини!

Впрочем, една слика од чинот на честитање многу повеќе говори и од илјада зборови… Еден (филмски) бакнеж – желби рој, а страсти – безброј, полни со еротски набој!

Впрочем, Ана Стојанова покажа колку јазикот е моќно орудие за меѓусебно разбирање… Дури и без изустен збор толку многу може да ве зближи и додека се мижи!
Таа – вака, а Вие… Бидете така!
Фото: Инстаграм/annstojanova




