По активната промоција на последниот и најнов сингл „Мог живота дио“, Каролина Гочева има ултра активно лето на професионален план. Сигурно веќе наголемо планира одмори уште два- три како и секоја година, така што времето за одмор допрва е пред неа.
Ама сега, особено викендов беше време за родниот крај, нејзината Битола, нејзините сограѓани како публика во еден познат битолски ресторан каде таа настапи.
Секогаш радосна кога е дома, а сега особено еуфорична затоа што пееше пред своите. Радост за сите, а Керол толку многу опуштена на сцена што дури се соблече, остана боса оставајќи ги високите потпетици настрана.
Беше време за играње, „каде и да сум, во било кое време, животот е прекрасен со тебе“, пееше Каролина и скокаше во ритамот со секој отпеан стих.
Опуштена, разиграна и слободна на сцена, буквално како дома, зашто Битола и е нејзината дома, од секој агол, па дури и вака.
извор: Instagram printscreen/karolinagocheva





