Животот на Цеца Ражнатовиќ ја интригира јавноста и претставува неисцрпна инспирација за медиумите, но и за публиката, која го следи секој нејзин чекор.
Иако подеми, падови, интриги, моменти исполнети со уништување и страдање, како и музички успеси, претставуваат идеален материјал за филмска адаптација, Цеца Ражнатовиќ ја отфрлила таа понуда.

– Да. Имаше неколку понуди и обиди да се направи нешто такво, но ги одбив. Добив и понуда од Американците, но не сакав да ја прифатам бидејќи имаа намера да ја купат мојата биографија, а потоа да ја променат. Никогаш не би дозволила некој да ги менува деталите од мојот живот и да прави што сака со нив. Ваквите работи се неприфатливи – откри Цеца во едно интервју за тамошните медиуми.
foto: printscreen/instagaram/cecaraznatovicthebest







