Српската поп дива Јелена Карлеуша вчеравечер (понеделник) дојде во Скопје на гости во подкастот на Боки 13. Како и секогаш своја во комплетна смисла, Јелена разговорот го почна со тоа дека пристигнала со автомобил и ја прифатила поканата на домаќионот иако е во период кога не сака да излезе од дома.
Сепак, разговорот го почнаа со нешто позабавна тема, односно со она за што Карлеуша неминовно е поврзана – секс.

Одговорите кои следеа беа апсолутно изненадување за жена која важи за секс бомба, и жестока провокаторка, а прва асоцијација за неа е токму она за што таа вели дека најмалку сега го сака во животот.
-Зошто на жените воопшто им се бара маж? Ако јас се прашувам сега, повеќе би сакала да се омажам со геј партнер, затоа што ќе биде супер зезање. Мене во овие години се’ ми е задоволство само не секс. Зарем јас изгледам како некој што сака секс? Јас сум најдосадната, јас сум како на „двојка“. Јас не сум некој што е луд за секс. Со маж повеќе сакам да одам со шопинг, да гледам добар филм, да ме масира, ама и да си оди дома…Не мора да имаме секс за да ни биде убаво. Во овие години некако се’ друго ти е приоритет, само не маж и секс, кажа Јелена и се дополни со тоа дека мажите редовно и праќаат голи фотографии.
-Мене мажи ми праќаат фотографии исклучиво од половиот орган, мислат дека јас ќе реагирам, но мене внимание ми привлекува ентериерот. Има разни, но јас сум рамна линија… заврши таа по прашање на интимата, ама Боки се надоврза со она, односно оној со кој ја поврзуваат периодов, помладиот кошаркар Никола Јовановиќ.

– Никола Јовановиќ не сака да биде дел од јавниот етер и доживува голем стрес секој пат кога ќе се спомене неговото име. Тој е одличен човек во секој поглед, но јас би ја почитувала неговата одлука да остане подалеку од рефлекторите. Тој е прекрасен човек и поминувам убави моменти со него. Тој е висок над два метра, два и пол. Тоа е аватар, огромен е – искрено рече Јелена, ама заврши на тоа.

Разговорот траеше долго, поточно повеќе од три ипол часа, каде Јелена Карлеуша имаше да каже доста…
фото:Facebook/Bojan Jovanovski/ You Tube printscreen/ Boki13







