Познатата македонска пејачка и универзитетска професорка Андријана Јаневска отпатува на популарната летна дестинација – Барселона.
Таа на социјалната мрежа Инстаграм уште на почетокот на патувањето сподели фотографија од себе си, а во описот веднаш им ја откри на следбениците локацијата каде одлучила да ги троши слободните денови.


Малку подоцна од таму, Андријана прати и топол поздрав во костим за капење и веднаш го привлече вниманието на сите.
Се разбира сите ја забележаа нејзината убавина, извајаното тело како и насмевката која ја издава колку е среќна и расположена.

Не изостанаа ниту убавите моменти кои ги уловила, со нејзините наследници, кои одлично се забавувале на морските бранови во Коста Брава, па гордо се пофали и со нив пред фановите.
Така, во преден план на фотографијата се нејзините два сина, Димитар и Кристијан.

Ова не е прв пат да имаме можност да ја видиме пејачката во вакво издание и расположение па очекуваме да сподели уште доста фотографии од убавините во кои ужива заедно со семејството.
foto: printscreen/instagram





