Најдолговечниот македонски фестивал на забавни песни, „Макфест“ во Штип годинава слави голем јубилеј. 40 години од своето постоење, што е своевидна реткост и во регионот , а и за многу европски фестивалски манифестации.
Организаторите уште оддамна се подгтвуваа и ветуваа дека за јубилејот „Макфест“ ќе биде посебен по многу нешта. Специјална фестивалска вечер или програма со најдоброто или барем она што е возможно да се донесе и види во Штип од сиве овие четири децении постоење, плејада на повозрасни познати регионални и домашни пејачи и мноштво незаборавни макфестовски хитови и фестивалски евергрини.

Разбирливо, за јубилејот и селекцијата на актуелни песни морала да биде внимателно одбрана, па на објавениот конкурс кој се пролонгираше заради катастрофата во Кочани, пристигнале композиции од кои според стручното жири кое ја сочинува селекционата комисија, биле одбрани најдобрите. Или барем оние што според нивните критериуми се најсоодветни, односно како што умеат самите да кажат, најфестивалски.
„Макфест“ на својата официјална страница и социјалите мрежи го објави списокоѕт од примените песни на конкурсот на кој како што може да се види се нашле единаесет (11)шифрирани наслови.

Рестото до конечното затворање на списокот, вообичаено ќе се дополнува со таканатречените нарачки до познатите македонски автори или изведувачи. Нивните имиња логично јавно се’ уште не се обзнануваат, како ни на оние чии песни се примени на конкурсот.
Арно ама, затоа јавно се огласија некои чија песна не влегла во изборот, па така нивните надежи дека ќе учествуваат како автори или изведувачи зафестивалскиот макфестовски јубилеј пропаднаа, а самите тие – „извисија“!

После вакавата одлука на селекционата комисија во која има и нивни колеги – познати македонски пејачи и музички автори, логично е кај познати поединци изненадувањето да ескалира, а незадоволството да кулминира.

Така, познатиот македонски пејач и автор Александар Тарабунов и познатиот шоумен, актер, автор и пејач Игор Џамбазов, се први кои во јавноста обзнанија дека за „Макфест 2025“ (ги) „извисија“!

Тара на своите Инстаграм приказни ја соопшти за него и неговиот колега Џамбаз „тажната вест“, дека песната им ја „откачиле“ за годинешниов „Макфест“!

„Ништо @igordzambazov џабе се надевавме, не ни ја примија песната за Макфест годинава, не ги исполнувала критериумите на фестивалот, не била фестивалска… Почетокот бил така – така, другото онака… И сеа?“ – јавно го запраша Тарабунов колегата Џамбазов!
Одговорот стигна експресно и тоа во вид на „алтернативна опција“ кажана во една реченица: „И сега, на Цветници…“ – му одговори шегобијно Игор на Тара.
А, Тарабунов само иронично ја продолжи низата со нова фестивалска дилима: „Еееее, може ама таму дали ќе ги исполнува критериумите само тоа ми е…“ – заклучи Тарабунов јуниор, додавајќи два емотикони: Еден што плаче од смеа, а другиот што се удира в чело…

Колку за да ги искаже чувствата, по макфестовската жири одлука, заедничката песна со Џамбазов да не им биде примена!
Фото: Facebook/Makfest/Инстаграм/aleksandartarabunov





