Радио Милева се'тргнало наопаку

Српската водителка пред породување дознала дека има тумор

Српската водителка пред породување дознала дека има тумор

Милица Гацин се бореше со опасна болест, а во една прилика јавно проговори за тешкиот период.

Водителката на „Слагалица“ мораше да се повлече од малите екрани некое време поради болест, а нејзиниот сопруг ја остави со нејзините две деца во моментот кога се соочи со најтешкото сознание во нејзиниот живот.

– Првпат открив бениген тумор пред да ја родам мојата помлада ќерка, Хана, која сега има 14 години. Докторите мислеа дека е млечна жлезда, но бидејќи не исчезна ни по два месеци, го повикав докторот и тој предложи отстранување на туморот. Иако многу луѓе ме советуваа да не допирам ништо, јас сепак го послушав докторот – водителката ѝ кажа на „Глорија“ дека туморот за жал се вратил и дека морала повторно да се оперира:

– По втората операција, го прашав докторот зошто ми се случи ова, а тој ми одговори: „Затоа што се нервираш“. Мирно ми рече дека не вреди да се вознемирувам, бидејќи тогаш има нерамнотежа на хормоните во телото и моите гради реагираат така – додаде Милица, не криејќи дека нејзиниот живот бил многу стресен во одредени периоди.

– Јас сум од куќа во Војводина, сакав сè да биде зготвено, наредено, да биде како што треба, куќа, деца. За сè да биде совршено. И знаеш што се случи? При првата голема пречка, односно при првиот голем проблем во животот, тој се сврте наопаку и си замина. Рече: „Не можам повеќе вака, тешко ми е“, се сврте и си замина – раскажа водителката во една пригода за српските медиуми.

фото:Instagram printscreen/milicagacin

To top