Фантастичен дуел во „Ѕвездите на Гранд“ оваа сабота приредија две атрактивни талентирани 22 годишни девојки, Мирјана Митрева и Анџела Арман, кои освоија по шест гласа од стручното жири.
Во случај на таков резултат, кандидатите пеат акапела, а потоа жирито повторно одлучува за победникот на дуелот.
Мирјана во договор со менторот Ѓорѓе Давидо ја отпеа македонската песна „Море сокол пие“, додека Анѓела и нејзиниот ментор Ана Бекута се одлучија за песната „Ти буди далеко“.

Анџела Арман, која не можеше да ја скрие својата радост за победата, со одлука на жирито и со четири од шест гласа се пласираше во петтиот круг од натпреварувањето.
Менторот, Ѓорѓе Давид истакна дека е најгорд на својата кандидатка Мирјана од причина што никој не очекувал таа да стигне до овој круг.

– Не требаше да помине во првиот круг, ниту пак требаше да избере ментор, ја зедов и еве ја, шест гласа во четвртиот круг – рече Ѓоле, додека Мирјана јавно му се заблагодари.
– Тој е најпрекрасниот човек на сите времиња, и ништо од ова немаше да се случи да не беше тој – заклучи таа.

Сепак, крај за влез во петтиот круг беше доста тензичен до последните минути кога кавадарчанката Мирјана за жал во баражот не успеа да биде меѓу избраните кандидати.

Правилата на играта се такви што дури и за џабе може да се израдуваш, баш како во случајот на Мирјана која уште со правото појавување почна впечатливо, а така и заврши.
фото: You tube printscreen/ Zvezde Granda







