Пред речиси 2 месеци почина Саша Поповиќ, креативен директор на Гранд продукција.
Денеска е најтажниот ден во куќата на Поповиќ во Бежанија, со оглед на тоа што денеска му беше роденден на естрадниот маг.
Саша е роден на 24 април 1954 година во Нови Сад.
Естрадниот маг Саша Поповиќ кој не напушти на 1 март денеска ќе го прославеше својот 71 роденден.

Во текот на својата повеќе децениска кариера остави неизбришлива трага на забавната сцена, а уште во детството беше поинаков.
Детството го поминал во свештеничко семејство во Нови Сад, а за тој период зборувал со најубави спомени.
Поповиќ играл и фудбал и беил исто толку добар во тоа како и во музиката, но љубовта кон неа победи.
Првиот телевизиски формат што го создаде е „Гранд шоу“, забавна емисија во која гледачите можеа да уживаат во песните на нивните омилени пејачи, а многумина сцената ја споредија, како што сакаше Саша, со сцената на најпознатиот светски фестивал „Сан Ремо“.
Подоцна заедно со Жика Јакшиќ го создава проектот „Ѕвездите на Гранд“, кој се здоби со голема популарност и трае повеќе од две децении. Преку овој натпревар, Поповиќ произведе многу млади таленти и одлични пејачи, некои останаа во Гранд, некои заминаа, но сигурно е дека многумина станаа големи ѕвезди благодарение на него.
фото: printscreen/instgaram/sasapopovicofficial







