Таа важи за една од најубавите ТВ водителки и презентерки, а не ретко можеме да ја видиме и како лице на некои реклами.
Водителката и презентерка на Канал 5, убавата Љубица Бубе Јаневска, секојдневно ја гледаме на ТВ екраните со различни теми, во различни изданија… И содржински, ама и модни!

Секогаш убаво стокмена, дотерана, променета во различна гардероба, водителката делува отмено, елегантно, модерно…

Гладечите најмногу ја препознаваат како презентер на вести, но одлично се снајде и во улогата на водителка на утринска програма.
Бубе секој ден во различна поза на фотографија, поинаква гардероба, на оваа или онаа позиција пред камерите, но она што најчесто кај неа останува исто е фризурата која пред објектив преферира да биде пуштена.

Сепак, во едно од поновите нејзини појавувања, веројатно дојде време за промена и редок преседан кој го забележа, а ja примени една нејзина соработничка што ја стилизира, па јавно напиша:

-Конечно дојде денот кога Бубе Јаневска рече собирај коса за на вести, прави што ќе правиш. Не знаев дали е сон или јаве., стои во објавата.
Бубе ова го сподели на своите „стори“ објави и не можеше, а да не се насмее на ваквата забелешка.
Ваква или онаква, Бубе секoгаш изгледа топ!
фото:Instagram printscreen/bube_janevska




