Јована Јеремиќ е во врска со Драган Станковиќ, а сега откри детали од нивната емотивна врска и призна дека не живеат заедно.
Во емисијата „На линија на животот“ водителот ја праша Јована Јеремиќ дали оваа година ќе ја прекине врската со партнерот Драган, на што таа даде потврден одговор.
– Да, одговорот е да, не реков дека е крај на врската. Во врска сум со Драган, тој според мене е најдобриот човек на светот. Сакам да имам уште едно дете, да се омажам и сакам тоа дете да го имам со Драган. Не живееме заедно, моето дете почнува на училиште, а училиштето е спроти мојата зграда, а Драган е во Гроцка и тоа не ни пречи – рече Јована, а потоа продолжи:

– Сè постигнав сама, иако верував дека мојот човек ќе го постигне тоа за мене, знаев дека ќе работам на телевизија, а оваа година сфатив дека човекот на мојот живот сум јас. Ова го сфатив годинава, кога дознав за борбата на татко ми, кој води многу тешка битка. Ми рече дека сама сум постигнала се’, дека никој не ми дал, дека јас сум сам свој газда, заврши Јеремиќ.
фото:Instagram printscreen/jeremicjovana




