Познатиот менаџер и водител Жика Јакшиќ неодамна проговори за својата соработка со Јелена Карлеуша, потсетувајќи се на нивната заедничка турнеја од 2001 или 2002 година.
Во тој период Јакшиќ ја имал привилегијата да биде дел од тимот што ја организирал турнејата на Јелена низ Европа, а како што вели искуството било исклучително позитивно.

– Имав можност, мислам дека беше 2001 или 2002 година, да ја организирам турнејата на Јелена Карлеуша низ Европа. Заедно патувавме и таа е одлична личност за дружење, верувајте – изјави Жика.
За време на емисијата Јакшиќ раскажа како тој и Карлеша се поврзале на личен план и како поминале шест месеци заедно на турнеја, во кои покривале градови како Париз, Швајцарија, Германија и Виена.

Според него, Јелена Карлеуша е личност која има посебна енергија, а сите моменти во нејзино друштво се паметат со насмевка.
фото: printscren/instagram





