Теа Таировиќ изјави дека и се исполнила најголемата желба и дека конечно патува за Дубаи за кој пее со години.
Пејачката Теа Таировиќ на белградскиот аеродром, непосредно пред нејзиното заминување за Дубаи ја пречекале тамошните медиуми. А како што истакнала самата, со години пее за луксузната дестинација, а сега и се исполни желбата да оди таму.
И покрај тоа што е службено патување, Таировиќ не ја тргнала насмевката од нејзиното лице.
– Возбудена сум. Четири години ја пеам „Одам во Дубаи“ и никако да одам. Дојде и тој момент. „Иако еднаш бев во транзит, мислам… Неколку пати, но генерално, не бев“, вели пејачката која до аеродром ја однело нејзиното момче, кое како и обично и овојпат ќе ја следи будно.
– Дубаи се гледаме – напиша на кратката приказна на Инстаграм.

Иако оваа желба и се исполни, Теа истакна дека има уште една. Како што изјавила, се надева дека ќе одржи концерт во родниот град Нови Сад.
– Желба ми е да одржам концерт во Нови Сад, но морав да го откажам уште пред официјално да го најавам концертот – изјави пејачката.
фото: printscreen/instgaram





