Пејачката Ана Бекута реши да направи мал ремонт.
Промените се секогаш добредојдени, а секако внесуваат освежување во нашите животи, па пејачката реши да се трансформира.
Иако Ана Бекута има 65 години, таа не направила многу со своето лице, освен основните козметички третмани, кои ја одржуваат нејзината кожа негувана и свежа.
Ана Бекута овој пат посети салон за убавина каде се предаде на рацете на експертите. Пејачката направи микроблејдинг техника за исцртување на веѓите, поради што изгледа многу помладо.
Јапонскиот метод, попознат како микроблејдинг, е еден од најпопуларните методи на трајно или полутрајно шминкање. Самиот процес е многу сличен на тетовирањето, но крајниот резултат е многу пософистициран и поприроден од која било тетоважа.
Веѓите го дефинираат лицето и го одредуваат неговиот израз, па Ана Бекута реши да ги доведе до совршенство и да ги усогласи со бојата на косата. Дека е презадоволна од резултатите сведочи и насмевката која никогаш не ја симнала, а комплименти за нејзиниот изглед и овој пат не недостигале.
Потсетуваме, оваа техника покрај Ана Бекута ја испробаа и Јелена Карлеуша, Диди Јанковиќ, Ана Николиќ и други.
Инаку, пејачката не се плаши да излезе без ниту малку шминка, а на социјалните мрежи се појави и нејзина фотографија во природен изглед.
фото: printscreen/instgaram/anabekuta1