Помина еден месец од смртта на Саша Поповиќ, а по тој повод се огласи и Гоца Лазаревиќ.
Пред еден месец, на 1 март, почина креативниот директор на Гранд, Саша Поповиќ.
Тагата меѓу неговите пријатели и соработници продолжува, а денеска се огласија и многу негови колеги.
Меѓу нив е и Гоца Лазаревиќ, која е долгогодишна пријателка на Поповиќ.
Таа на својата инстаграм приказна објави фотографија на која е со Саша Поповиќ, Злата Петровиќ, Нада Топчагиќ и Гоца Божиновска.
– Сите колеги кои шират радост околу себе. Нада, Гоца, Злата. Само него го нема. Сале…Ми недостигаш“, напишала Гоца покрај фотографијата.
фото: printscreen/instagram