Радио Милева ајде да си позборуваме денес...

Миа Костова имаше нова тура Инстаграм муабети со своите следбеници: Надеж за поубави времиња и повеќе позитива или… само уште едно „априли-ли-ли“? (ФОТО)

Миа Костова имаше нова тура Инстаграм муабети со своите следбеници: Надеж за поубави времиња и повеќе позитива или… само уште едно „априли-ли-ли“? (ФОТО)

Раните од трагедијата во Кочани се премногу болни и длабоки за така бргу да можат да бидат зацелени… Впрочем, празнината ќе остане засекогаш да царува за да не потсети дека сме жртви на едно време со изгубени вредности, во кое дури и најскапото, младите човечки животи илегува дека се најевтини.

И додека враќањето во нормала на сите ни оди некако многу тешко и никому не му е до ништо, сепак дружењето како да е лекот кој  ја ублажува сета болка, не оттргнува од црните мисли, од мачните спомени со кои живееме последниве денови и недели. Како во агонија, во лош сон од кој тешко се будиме.

Затоа највлијателната македонска инфлуенсерка и водителка Миа Костова реши понеделнички широко да ги отвори прозорците на својот Инстаграм и да ги покани своите следбеници на нова тура разговори.

Тешки муабети за тешки времиња, кога по се’ што ни се случува среќата надвор тешко се наоѓа, па затоа најсигурни сме дома… На многумина од нас расположенијата со она на Миа апсолутно ни се совпаѓаат, иако кај неа, очигледно шлаканиците отпосле доаѓаат!

Повеќе или помалку свесни за тоа што ни се случи…? Кој како! Кој подобар, кој полошо… Кај Миа – „афтер шок“ ефект!

Некои по страшната трагедија ништо друго не можат да слушаат освен песните на ДНК, а некои, како Миа, се’ уште не може ни оние на Тоше да ги слуша, а камо ли она од што дел и самата таа била… Просто, нема сила!

Како некој кој ја познава целата естрада, а беше особено блиска и со ДНК во еден од чии спотови и се појави, логично беше прашањето дали Миа има најнови вести, некое инфо за здравствената состојба на Панчо? За среќа, вестите се оптимистички!

Колку и да изгледа дека Миа нема брат или сестра, зашто ретко споделува слики и видеа со заеднички моменти, влијателната инфлуенсерка уште еднаш се потруди таквите мислења да ги демантира… Барем за оние што се нови на социјалнте мрежи, особено на нејзиниот профил.

Последните случувања очигледно поттикнаа нова желба за селење на младите од државава… Како на Македонија да не и е доста од миграција, по што Миа потсети на дилемата, дали  преселбата има смисла ако со себе  ја понесеме и лошата мисла?

До душа, кога сме веќе кај преселбите и самата Миа Костова ова оддамна го најави, посакувајќи своите зрели години да ги мине некаде покрај вода… До тогаш, останува тука, зашто има да заврши уште малку работа…

И така збор по збор, муабетите немаат крај… Од оние поврзани за трагедијата, до оние за стравовите, паничните напади и анксиозноста…  А, ден по конверзацијата е Први април… Надеж за поубави времиња и повеќе позитива или… само уште едно „априли-ли-ли“? И здравје Боже, до некој поубав ден… до Велигден!

Фото: Инстаграм/miandrija

 

To top