Пејачката Јелена Розга повеќе не живее сама, а за хрватските медиуми откри кој се вселил во нејзиниот дом.
Освен во родниот Сплит, Јелена Розга поседува и луксузен имот во Загреб каде повеќе не живее сама.

Како што откри Јелена за хрватските медиуми, наместо Иван Хуљиќ со кој е во врска, во нејзиниот дом се вселила ќерката на нејзината сестра Јулија.
– Јулија не сака излегувања, дури ни на концерти. Вели дека почнуваат доцна. Има две деца, а со мене во Загреб живее внуката која има 24,5 години. Таа е прекрасна, внимателна, емотивна… Мојот единаесетгодишен внук сака фудбал и сака да игра за Хајдук – изјави Јелена.
Да потсетиме, Розга веќе некое време ужива во љубовта со синот на Тончи Хуљиќ. Двајцата ја обновија врската по една деценија. Тоа што таа е 11 години постара од избраникот за нив воопшто не е проблем.
фото: printscreen/instagram







